Ненадејната иритација во интимниот регион може да биде непријатна и загрижувачка, но пред да го претпоставите најлошото, размислете за поедноставните причини. Експертите предупредуваат дека фактори како што се синтетичка долна облека, одредени детергенти, парфимирани средства за хигиена, па дури и работи што ги користиме секој ден, може да предизвикаат црвенило, чешање и печење.
Вулвовагинитис или воспаление на вагината и вулвата може да се појави од различни причини, од инфекции до алергиски реакции. Една од често занемарените причини е тоалетната хартија, особено ако содржи мириси и хемикалии. „Тоалетната хартија може да ви ги иритира вулвата и вагината, особено ако имате чувствителна кожа“, објаснува гинекологот Пари Годси. Д-р Мајкл Ингбер, урогинеколог, додава дека премногу груба хартија или несоодветно бришење може да предизвикаат микро-оштетување на кожата, што може да доведе до иритација, па дури и инфекција.
Ако користите парфимирана тоалетна хартија или со дополнителни хемикалии, тоа може да ја наруши природната рамнотежа на кожата и да предизвика чешање, печење и црвенило. Овие симптоми може да бидат знак за алергиска реакција или благо воспаление на вулвата (вулвитис). Хемикалии од миризлива хартија дури може да ја нарушат pH вредноста на вагината и да го зголемат ризикот од габични инфекции, предупредува д-р Џесика Шеферд, доцент по акушерство и гинекологија.
Покрај составот, важна е и текстурата. Премногу груба или тврда хартија може да предизвика микро-оштетување на кожата, што дополнително го зголемува ризикот од воспаление. Затоа е важно да изберете нежна и безбедна хартија, како Perfex Soft & Light, која благодарение на зајакнатите чисто целулозни влакна обезбедува мекост и заштита без иритација.
Превенцијата е клучна, затоа изберете докажани производи без штетни адитиви, одржувајте интимна хигиена, носете памучна долна облека и избегнувајте тесна облека. И ако иритацијата продолжи и покрај сите мерки, задолжително консултирајте се со лекар.