• Маркетинг

Кафе Муабети

  • Насловна
  • Живот
    Ако имате проблеми на работа, Меган Маркл има решение за вас

    Ако имате проблеми на работа, Меган Маркл има решение за вас

    17 Апр 2025
    Женската „екипа“ одговори на жестоките критики: Не разбирате што се случи овде

    Женската „екипа“ одговори на жестоките критики: Не разбирате што се случи овде

    17 Апр 2025
    Пристигна првата реакција на Ана и Бастијан на обвинувањата за развод

    Пристигна првата реакција на Ана и Бастијан на обвинувањата за развод

    17 Апр 2025
    Вилијам Леви ослободен: Актерот проговори за обвиненијата за кои беше уапсен

    Вилијам Леви ослободен: Актерот проговори за обвиненијата за кои беше уапсен

    17 Апр 2025
  • Убавина и Здравје
    На многу луѓе им се допаѓа новиот тренд во врските: Романтиката е повторно во мода

    На многу луѓе им се допаѓа новиот тренд во врските: Романтиката е повторно во мода

    15 Апр 2025
    Психологот ги посочи главните индикатори дека сте се изгубиле во врската

    Психологот ги посочи главните индикатори дека сте се изгубиле во врската

    11 Апр 2025
    На оваа возраст мажите и жените имаат најсилен сексуален нагон

    На оваа возраст мажите и жените имаат најсилен сексуален нагон

    04 Апр 2025
    Омилената салата на Кејт Мидлтон која ќе ви помогне брзо да изгубите тежина

    Омилената салата на Кејт Мидлтон која ќе ви помогне брзо да изгубите тежина

    01 Апр 2025
  • Семејство
    Овие симптоми укажуваат на тоа дека вашето дете е депресивно, не ги игнорирајте

    Овие симптоми укажуваат на тоа дека вашето дете е депресивно, не ги игнорирајте

    26 Мар 2025
    Како да изградите храбро дете?

    Како да изградите храбро дете?

    28 Јул 2021
    Практични совети за подобро функционирање на семејството

    Практични совети за подобро функционирање на семејството

    28 Јул 2021
    Откриваме зошто родителството е благосостојба

    Откриваме зошто родителството е благосостојба

    28 Јул 2021
  • Храна и Рецепти
    Најздравата храна што е подобра од сите витамини и додатоци во исхраната

    Најздравата храна што е подобра од сите витамини и додатоци во исхраната

    15 Апр 2025
    Ќофтиња од компири и спанаќ полнети со моцарела

    Ќофтиња од компири и спанаќ полнети со моцарела

    07 Апр 2025
    Пролетна салата од ореви, јаболка и спанаќ

    Пролетна салата од ореви, јаболка и спанаќ

    04 Апр 2025
    Паштета од туна готова за само неколку минути

    Паштета од туна готова за само неколку минути

    28 Мар 2025
  • Занимливости
    Кучето се налутило затоа што сопственикот не ја слуша својата жена, па му одржал лекција

    Кучето се налутило затоа што сопственикот не ја слуша својата жена, па му одржал лекција

    16 Апр 2025
    Мозокот како тест за фокус: Само пет проценти од луѓето можат да ја пронајдат змијата на оваа слика за помалку од 10 секунди

    Мозокот како тест за фокус: Само пет проценти од луѓето можат да ја пронајдат змијата на оваа слика за помалку од 10 секунди

    15 Апр 2025
    Кученце од расата Златен ретривер доби нова играчка, а реакцијата воодушеви милиони

    Кученце од расата Златен ретривер доби нова играчка, а реакцијата воодушеви милиони

    14 Апр 2025
    На мрежите се убедени дека Трамп не знае како да го затвори чадорот: Комичното видео ја прикажува неговата нова „борба“

    На мрежите се убедени дека Трамп не знае како да го затвори чадорот: Комичното видео ја прикажува неговата нова „борба“

    14 Апр 2025
  • Туризам
    Колку би чинело да се оди во Москва за една недела?

    Колку би чинело да се оди во Москва за една недела?

    15 Апр 2025
    Саграда Фамилија – една од најневеројатните шпански градби

    Саграда Фамилија – една од најневеројатните шпански градби

    01 Апр 2025
    Што да се види во Фетије

    Што да се види во Фетије

    01 Апр 2025
    Островот Паксос – љубовниот рај на богот Посејдон

    Островот Паксос – љубовниот рај на богот Посејдон

    01 Апр 2025
  • Филм
    „Адолесценција“ стана четвртата најпопуларна серија на Нетфликс на англиски јазик на сите времиња

    „Адолесценција“ стана четвртата најпопуларна серија на Нетфликс на англиски јазик на сите времиња

    10 Апр 2025
    Филмот што ги воодушеви сите генерации веќе руши рекорди

    Филмот што ги воодушеви сите генерации веќе руши рекорди

    10 Апр 2025
    Погледнете го новиот трејлер за „Невозможна мисија – Конечното пресметување“

    Погледнете го новиот трејлер за „Невозможна мисија – Конечното пресметување“

    10 Апр 2025
    Роберт Патинсон би можел да се придружи на филмот „Дина 3“

    Роберт Патинсон би можел да се придружи на филмот „Дина 3“

    10 Апр 2025
  • Астро
    Хороскоп Риби/Се за Риби

    Хороскоп Риби/Се за Риби

    05 Сеп 2021
    Хороскоп Водолија

    Хороскоп Водолија

    05 Сеп 2021
    Хороскоп Јарец/Се за Јарец

    Хороскоп Јарец/Се за Јарец

    05 Сеп 2021
    Хороскоп Стрелец/Се за Стрелец

    Хороскоп Стрелец/Се за Стрелец

    05 Сеп 2021
Најново
  • Ако имате проблеми на работа, Меган Маркл има решение за вас   |   17 Апр 2025

  • Женската „екипа“ одговори на жестоките критики: Не разбирате што се случи овде   |   17 Апр 2025

  • Пристигна првата реакција на Ана и Бастијан на обвинувањата за развод   |   17 Апр 2025

  • Вилијам Леви ослободен: Актерот проговори за обвиненијата за кои беше уапсен   |   17 Апр 2025

  • Дали Теа Таировиќ се мажи? Откриен таен план   |   17 Апр 2025

  • Изневерена за време на бременоста и јавно посрамотена, но не се оддалечува од Нејмар: Убавицата и фудбалерот повторно се бакнуваат   |   17 Апр 2025

 
Насловна» Деца»Аларм! Детето има температура!

Аларм! Детето има температура!

04 Окт 2018 Деца, Семејство

Веројатно досега сте имале искуство вашето малечко да се разбуди вознемирено среде ноќ, испотено и со вжештено чело. И прво нешто што ви паѓа на ум е дека тоа има покачена телесна температура, па во истиот момент земате топломер за да проверите дали е навистина така. Најголем дел од високите температури кај дечињата не се сериозни и се предизвикани од вообичаени инфекции кај детето. За проблемот кој нај често се јавува кај малите деца.   -доктор Тања Јованова, педијатар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Што е висока температура?

Зголемена телесна температура или фебрилност е одбранбена реакција на организмот на некоја инфекција или некое друго нарушување во организмот. Фебрилноста сама по себе не е болест туку симптом на некоја инфекција или болест. Таа помага организмот да се избори со инфекцијата бидејќи делува неповолно за развојот на многу вируси и бактерии. Правилниот однос кон овој симптом помага за следење на текот на болеста и ефикасност од лекувањето. Причини за зголемена телесна температура во детската возраст.

Најчесто, во детската возраст зголемувањето на температурата настанува при акутни вирусни и бактериски инфекции. Но, зголемувањето на температурата може да настане и при други состојби и нарушување во организмот, по вакцинација, дехидратација, при траума поради оштетување на ткивата, некои лекови, хормонално нарушување, инфламаторни и автоимуни болести.

Што е нормална телесна температура кај децата и како правилно да се измери?
Нормална телесна температура е температура до 37 C степени, измерена аксиларно или под пазувите или до 37,5 C степени измерена ректално, односно во аналниот отвор. Температурата може да се измери и орално, со ставање на топломерот во устата. Но сепак аналното и оралното мерење на температурата не се препорачуваат, бидејќи дечиња та може да го скршат топломерот. Температурата измерена со повисока вредност од овие е зголемена телесна температура! И кај здравите деца, во текот на денот, постојат мали варијации над и под овие вредности. Температурата е најниска во раните утрински часови, а највисока во доцните попладневни часови, по оброк и по физичка активност (кога детето е активно, скока, трча). Затоа, телесната температура треба да се мери по завршената активност на детето, кога тоа е во состојба на мирување. Се мери со живин термометар, под пазувите или аксиларно. Пазувата треба да биде сува, термометарот да не ја допира облеката и да стои пет минути. Освен живините топломери се употребуваат и електронски, дигитални, кои се подеднакво сигурни и ефикасни за децата, но бараат искуство во мерењето, па може да се добие погрешен резултат или вредност на температурата.

Кога да му дадете лекови за симнување на телесната температура?
Зголемената телесна температура е помошник во борбата со инфекцијата бидејќи таа е неповолна за развојот на многу вируси и бактерии. Затоа, лекови за симнување на температурата (парацетамол и бупрофен) се даваат ако температурата е над 38 C степени, која го исцрпува и го нарушува комфорот и сонот на детето. Дозирањето на лекот е според телесната тежина на детето. Oвие лекови се даваат по потреба кога детето има зголемена температура и не пречесто, почекајте шест часа па дадете ја следната доза.

Кога да побарате помош од лекар?
Без разлика на висината на температурата, секогаш кога детето ви изгледа болно, задолжително направете консултација со лекарот на Вашето дете и следете ги неговите упатства. Зголемената температура е само симптом на болест па потребно е да се пронајде причината и истата правилно да се лекува. Со нејзино излекување ќе дојде до нормализирање на температурата. Родителите најмногу ги плаши појавата на фебрилни конвулзии – грчеви кои се појавуваат кај некои деца со покачена температура, поради незрелост на централниот нервен систем. Се препознаваат по тоа што детето станува отсутно со вкочанет поглед, во траење од неколку минути. Кај деца кои веќе имале грчеви при зголемена температура, при нов инфект со покачена температура се даваат антиконвулзиви (чепчиња или дражеи Дијазепам). Кај децата, пак, кои немале, најдобра превенција е навремена дијагноза и лекување на основното заболување кое довело до зголемена температура. Потребно е да се следат упатствата на лекарот во деновите со покачена телесна температура.

Што да преземете ако детето има покачена телесна температура?

Ние, педијатрите, препорачуваме кога детето има зголемена телесна температура да се зголеми внесот на течности (супи, чаеви, сокови) за да се избегне дехидратација, а доколку се работи за доенче, да му се дава почесто да цица. Потоа туширање со млака вода со температура на водата од околу 32 до 33 C, никако со ладна вода или, масирање на телото со крпа натопена во млака вода. Не се препорачува масирање со раствор од алкохол и вода во однос 1:1 поради опасност од инхалација на алкохолната пареа и апсорпција преку нежната детска кожа. Ако на детето му студи (што се случува кога почнува да се качува телесната температурата) можете да го покриете со лесна прекривка, а кога тоа ќе се стопли прекрив- ката треба да се тргне. Советуваме детето да престојува во чиста и проветрена соба, температурата на собата да се одржува од 20 до 22 C степени и да биде облечено во лесна памучна облека.

деца температура 2018-10-04
Ознаки деца температура
Facebook Twitter Stumble linkedin Pinterest Повеке
Претходно :

Воспитувачка во градинка тепа деца,погледете што направи директорот (ВИДЕО)

Следно :

Ранецот да не зафаќа повеќе од две третини од грбот

Поврзани Новости

Овие симптоми укажуваат на тоа дека вашето дете е депресивно, не ги игнорирајте

Овие симптоми укажуваат на тоа дека вашето дете е депресивно, не ги игнорирајте

26 Мар 2025
Како да изградите храбро дете?

Како да изградите храбро дете?

28 Јул 2021
Практични совети за подобро функционирање на семејството

Практични совети за подобро функционирање на семејството

28 Јул 2021

Реклама

  • Живот
  • Технологија
  • Туризам
  • Убавина и Здравје
  • Бизнис
Кафе Муабети е прва веб страница која ве поврзува со убавини и разни работи додека се издвојува од политика! За рекламирање повеќе на marketing@kafemuabeti.com

Следете не

Новости

Доколку се претплатите ќе ги добивате нашите новости на вашата е-маил адреса.

Последно

  • Ако имате проблеми на работа, Меган Маркл има решение за вас

    Ако имате проблеми на работа, Меган Маркл има решение за вас

    17 Апр 2025
  • Женската „екипа“ одговори на жестоките критики: Не разбирате што се случи овде

    Женската „екипа“ одговори на жестоките критики: Не разбирате што се случи овде

    17 Апр 2025
  • Пристигна првата реакција на Ана и Бастијан на обвинувањата за развод

    Пристигна првата реакција на Ана и Бастијан на обвинувањата за развод

    17 Апр 2025
  • Вилијам Леви ослободен: Актерот проговори за обвиненијата за кои беше уапсен

    Вилијам Леви ослободен: Актерот проговори за обвиненијата за кои беше уапсен

    17 Апр 2025
  • Дали Теа Таировиќ се мажи? Откриен таен план

    Дали Теа Таировиќ се мажи? Откриен таен план

    17 Апр 2025

Ознаки

Занимливости Храна и Рецепти деца живот забава здравје наука паметни телефони познати личности семејство технологија туризам убавина филм храна
Кафе Муабети 2018-2025 @ Сите права се задржани.
Не е дозволено копирање на статии без дозвола од страна на Кафе Муабети.