Колку и да се понапредни телефоните, сепак квалитетот на повикот е сеуште ист и не е променет.
Понекогаш можеме да имаме проблеми да го разбереме соговорникот дури и на премиум телефоните кои се поскапи од евтините.
Ако имате проблем со звукот додека разговарате со некого, постои еден трик да се реши овој проблем.
Во случај да не сте задоволни со квалитетот на звукот кој ви го овозможува операторот, тогаш можете да го прескокнете и да пробате нешто друго.
Сервисите како Apple FaceTim, Google Duo, WhatsApp, Facebook Messanger, Viber ви нудат доста можности, но сепак треба да користите интернет.
Сите овие апликации нудат HD квалитетен звук кој можете да го имате на вашиот мобилен додека разговарате со некого.
Благодарение на овие апликации, имате можност и да остварите видео повик, секако без проблеми кои можеби ги имате со вашиот оператор.