Марија Шрајвер детално го раскажа својот брутален развод од Арнолд Шварценегер во нејзината нова книга „Јас сум Марија“.
Во извадок од книгата, до кој дојде People, новинарката пишува за тоа како нејзиниот 25-годишен брак со актерот и популарниот Терминатор „експлодирал“ во 2011. Тогаш Арнолд признал дека ја изневерил Марија со домашна помошничка, со која имал дете.
„Ми го скрши срцето, ми го скрши духот, го скрши она што остана од мене“, напиша Марија.
Многу е напишано за овој брак.
Искрено, не сакам да зборувам премногу за тоа со никого“, напиша Марија.
Таа ги пофали своите деца – Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер – што покажаа храброст за време на разводот.
Поранешниот гувернер на Калифорнија го пречека синот Џозеф Баена во 1997 година со домашна помошничка.
Меѓутоа, Марија не дознала за тајниот син на нејзиниот сопруг додека тој не признал се во 2011 година.