Продуцентите го идентификуваа таткото на холивудската икона.

Овој август ќе се одбележат 60 години од смртта на Мерлин Монро. Веќе шест децении, фасцинацијата со оваа жена не престанува. Ќе гледаме два нови документарни филмови, а во едниот продуцентите го идентификуваа таткото на холивудската икона.
Авторите на францускиот документарец „Мерилин, нејзината последна тајна“ врз основа на ДНК анализа успеаја да откријат кој е татко на жената која до ден денес остана симбол на сексапил.

Норма Џин Бејкер, која ќе стане Мерлин Монро, цел живот е опседната со оваа тема и на секој начин се трудела да го дознае идентитетот на нејзиниот татко.
Продуцентите на филмот и зеле прамен од косата од лицето кое ја балсамирало актерката во 1962 година. Тие го споредиле тој примерок со примерокот на внуката плунка на маж за кој се сомнева дека е татко на Мерилин – Чарлс Стенли Гифорд. Режисерот на документарецот Франсоа Пом тврди дека откриле долго чувана семејна тајна.
„Бев најмногу трогнат кога видов како реагира семејството на Гилфорд наспроти непобитни докази“, изјави Пом за Вераџети. Премиерата на филмот е најавена за јуни, на францускиот канал Tut listoar.