Состојки:
-100гр. чоколадни ролери исецкани ситно а можете и сушено грозје по избор
-100гр. мелена плазма
-1 лажица чоколаден намаз
-50гр. ресана
-20гр. растопен путер
-20гр. млеко
-100гр. млечно чоколадо
Подготовка:
Сите состојки освен млечното чоколадо измешајте ги и ќе добиете хомогена смеса.
Ставете ја смесата на стреч фолија во форма на коцка и оставете ја во замрзнувач да се стегне. Потоа исечете ја и секое парче потопете го во стопено чоколадо од едната страна.
Вратете во ладилник околу 1 час. Наздравје