Вилијам Леви беше уапсен во Флорида поради пијанство и нарушување на јавниот ред и мир, а беше ослободен откако плати кауција од 500 долари.
По неговото ослободување од притвор, Леви коментираше за ситуацијата во која се нашол.
Во таа прилика, тој негираше дека физички нападнал вработен во ресторанот во кој се наоѓал.
„Се обидував да останам смирен цело време. На крајот, јас бев тој што мораше да си замине“, изјави тој за списанието HOLA.
Кога го прашале зошто е обвинет за напад, тој рекол:
„Па, мораа да ме примат за нешто.“
Исто така, беше споменато дека сe започнало кога актерот одбил да ја плати сметката, но тој и тоа го негираше.
„Не, не, секако дека не“, рече Леви.
Конечно, тој коментираше каква била ноќта што ја поминал во притвор.
„Беше нормално, нормално. Не знам дали стекнав одлични пријатели, но запознав некои нови луѓе“, заклучи Вилијам.