Актерката Брук Шилдс, која неодамна се отвори за трауматичен настан од минатото, овојпат беше добредојдена гостинка на црвениот тепих.
Таа се појави на премиерата на филмот „The Amator“ во Њујорк, а за таа прилика носеше тоалет кој и прилега на секоја жена.
Имено, таа се одлучи за макси фустан со едно рамо украсен со интересни детали. Црно-белите дезени го обвиваа нејзиното тело, истакнувајќи ја нејзината завидна фигура „без многу труд“.
Не треба да ја изоставиме брановидната фризура која одлично се снајде со фустанот „Балмен“, но и впечатливите балетанки.
Брук со овој потег на многумина им стави до знаење дека не сака да ја жртвува удобноста во сопственото тело за ниту едно модно правило.

Затоа таа не ги избрала елегантните салонки кои вообичаено одговараат на ваков аутфит.



