Емотивно нестабилен и недостапен родител e личност кој не е способен да се поврзе со своите деца на длабоко ниво, да одговори на нивните потреби, како ни да им пружи емотивна поддршка и потпора кога им е потребно.
Тие се често незрели и имаат психолошки проблеми кои многу веројатно исто така потекнува од нивното детство.
Одредените однесувања, емоции или симптоми кои често се јавуваат кај емотивно нестабилните и недостапните родители се следниве:
- Ригидност – невозможност да во својот став и однесување да бидат флексиблни кога е тоа потребно
- Ниска толеранција на стрес – невозможност да се носат со стресот за зрел начин
- Агресивност – имаат напади на бес кои можат да бидат следени со физичка агресија, суицидно однесување, со закани дека ќе се повредат себе си или другите.
- Не ги почитуваат личните граници – се однесуваат и сакаат да бидат пријатели на своето дете наместо родители.
- Постојано бараат внимание – потребни им се признанија и поддршка по секоја цена.
Природно е да веруваме дека секој родител е прекрасен и грижлив за своето дете. Мислиме дека секое човечко суштество е нормално да биде емотивен достапен и на најдобар начин да се грижи за своето дете.
Тоа просто не е така. Постојат родители кои би дале се за детето, но и постојат и оние кои воопшто не им е грижа што се случува со нивното дете.
Ова е често случај кај Минхаузенов синдром. Во прашање е сериозно ментално пореметување карактеристичен по тоа што личноста глуми дека е болна или намерно предизвикува симптоми на болести и се самоповредува или ги повредува своите деца за да предизвика внимание, загриженост и сожалување од околината. Колку и да е тешко да се верува, вакви родители навистина постојат.
Родителот е повеќе загрижен за своите потреби отколку за потребите на семејството,не се интересира каде се неговите деца,што прават,дали имаат потреба,кратко кажано не го интересира ниту нивната состојба.
Родителите кои се нестабилни и недостапни за своите деца често ги ставаат своите потреби на прво место, да одат на журки,да се пијанат или да користат дрога,и тоа им е на прво место во однос на активностите и обврските кои имаат врска со нивното семејство.
Изговорувањето на реченицата „Морам да имам свој живот, не можам секогаш да бидам мајка/татко“ и секако дека е точно ,родителот исто така треба да има свој живот да се напие некоја чаша алхохол,да излезе на журка,но во некои случаји тоа оди во екстреми.
- Родителот се однесува различно кога е дома и кога е во друштво.
- Родителот пред други луѓе е многу пријатна личност која постојано се смешка, се преставува како грижлив родител полн со разбирање, додека е потполно различен позади затворени врати.
- Родителите ги спречуваат своите деца да станат независни
- Некои родители свесно ги спречуваат своите деца да станат самостални и независни од себични причини како страв дека ќе останат сами и дека нивните деца ќе ги напуштат.
Тоа се главно родители кои ја гледаат својата вредност на своите деца и мислат дека ако децата еднаш ги напуштат, со себе ќе го однесат и нивната „смисла за живот“. Ваквите родители неретко се служат со уцени и со плашење кон своите деца за да постојано ги контролираат.