Емотивната Микси не ја крие среќата што има прекрасен син!
Синот на Милјана Кулиќ, Жељко, денес слави 3-ти роденден, а по тој повод таа објави на својот Инстаграм профил.
Имено, Кулиќ сакаше јавно да искаже колку и значи нејзиниот син Жељко во животот и колку е среќна што го има покрај себе.

Ми го разубавуваш секој ден и секој мој момент, ја исполнуваш секоја празнина и ја прогонуваш секоја тага. Ти си најголемата среќа што некогаш ја допрев и највредната што ми ја даде животот. Најважната работа што сум ја направила во животот е да станам мајка ти. Среќен роденден на моето бебе – напиша Милјана Кулиќ на својот Инстаграм профил.
