Минатата недела, корисничката на TikTok, Тејлор од Северна Каролина, реши да направи мал експеримент со своите кучиња што брзо го привлече вниманието на другите корисници на социјалната мрежа.
Имено, сопственичката на Чивава Тако и мешаната раса Стич се интересирала како ќе реагираат нејзините кучиња доколку таа се онесвести носејќи благо во раце.
Во виралното видео, кое собра повеќе од 2,3 милиони прегледи, можеме да видиме како Тејлор се преправала дека се онесвестува додека држи плескавици во рацете.
Поголемото куче Стич стоеше над својот сопственик, збунето и малку заштитнички, како да се обидуваше да разбере што се случува.
Но, затоа Тако веднаш покажа кои се неговите приоритети – брзо го грабна хамбургерот од раката на Тејлор и истрча кон својот кревет. Без премногу драма тој одлучил дека тоа е совршен момент за оброк.
Корисниците на TikTok оставија 92 илјади лајкови на објавата и повеќе од четири илјади коментари.
„Време е да го испратиме малото куче во друг дом“, „Малото куче не ни дочека да паднеш“, „Извини му се на поголемото куче, се загрижи“, „Чивава рече дека не ти треба хамбургер ако си мртов“, „Чивавата има приоритети, а не си ти“, се само дел од хумористичните коментари.



