Во Нов Орлеанс, според странските медиуми, избувнал пожар во куќа вредна над два милиони долари, а се верува дека е во сопственост на пејачката.
Куќата за време на пожарот била празна, а се верува дека пожарот бил подметнат затоа што полицијата наводно добила пријава за сомнително лице кое било на имотот за време на пожарот, а според полицискиот извештај, пожарот избувнал во кујна каде била пронајдена лименка бензин.
Ако не стигневме таму навреме, можеше да биде многу полошо. Станува збор за историска куќа – беше речено од противпожарната служба, а 22 лица го изгаснаа пожарот во вилата вреден околу 2,4 милиони долари.
Ниту пејачот ниту раперот се уште не се огласија.