Кога вашите пријатели гости одеднаш ќе се најават дека доаѓаат,треба да имате што да ги послужите, а многу често немате доволно време да подготвите нешто вкусно.
Затоа брзите рецепти се исклучително корисни.За ова задоволство ви требаат само 15 минути, а ќе добиете исклучително вкусни колачиња.
Потребни ви се само неколку состојки.
Состојки:
- 1 јајце
- 100 гр шеќер
- Сок од 1 лимон
- Кора од лимон
- 100 гр јогурт
- 250 гр брашно
- Прашок за пециво
Подготовка:
Земете сад и измешајте шеќер, сок од лимон, кора од лимон и јајце во него. Сè добро измешајте, па додајте брашно и прашок за пециво. Потоа плехот обложете го со хартија за печење и врз него земете ги топчињата од смесата што ја добивте. Печете ги на 180 степени околу 15 минути. Пријатно!