Состојки:
- 500 милилитри млеко
- 5 жолчки
- 10 лажици шеќер
- 7 лажици брашно
- 300 грама шеќер
- 150 милилитри вода
- 5 белки
- по потреба бисквити
Подготовка: Жолчките се матат со шеќерот, се додава брашното и се става во млекото кое се вари.Смесата се меша додека се згусти.
Подготвуваме шербет 300 грама шеќер и 150 милилитри вода да варат околу 5 минути. Потоа ги матиме 5 белки со 5 лажици шеќер и постепено ставаме од шербетот. Се мати додека се добие шампита.Во соодветен сад редиме бисквити натопени во млеко. Еден ред бисквити, еден ред од кремот со жолчките се до крај. Одозгора ја ставаме шампитата.