Често се вели дека историјата на градот е втисната во неговите фасади. Опишан и како Град на големите поморци – истражувачи, а го носи името “Принцеза на океанот”.
Град на седум ридови, Лисабон, е еден од најубавите и најавтентични главни градови во Европа – град со душа и музика на фадо. Португалската престолнина со медитерански темперамент и со 290 сончеви денови годишно, има преубави улици со импресивни градби, типични керамички плочки – azulejos – како и многу што друго да понуди.
Неговата единствена архитектура го прави интегрален дел на португалската култура и идентитет. Град во кој се чувствувате сигурно без оглед дали лутате по неговите улици дење или ноќе, каде кујната е вистинска уметност и каде ќе најдете хотели и ресторани кои одговараат на сечиј вкус, буџет и барање. Откријте го Лисабон, град полн со автентичност каде старите обичаи и древната историја се мешаат со незаборавни забави и hi-tech иновации.
Лисабон како да не старее, ова е град на љубезност и непосредност на која ќе наидете доколку случајно некаде се изгубите. Пред се, Лисабон е познат по своето гостопримство на начин кој е семеен и срдечен. Само заради ултра љубезните жители ќе го научите зборот благодарам на португалски “obrigado”.
Меѓу другото Лисабон ја носи титулата на најкул град во Европа, како и град кој е трет по љубезност во светот. Можеби ќе го засакате Лисабон заради неговите споменици, идеални услови за спорт или заради вкусната гастрономија. Но едно е сигурно, целото време на овој свет нема да биде доволно да уживате во се, што во овој град можете да видите, правите и доживеете. Кој ќе го посети Лисабон, не смее да пропушти да вкуси pastel de nata со цимет (чиј рецепт наводно го знаат само тројца луѓе), грилувани сардини, azeitão сирење, прочуените вина и овошната сангрија. Лисабон е деветти град во Европа по посетеност после Рим, Истанбул, Барселона, Милано, Венеција, Мадрид, Фиренца и Атина. Направете свој избор и дозволете му на Лисабон да Ви го воодушеви срцето.