Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) објави фотографија од планетата Сатурн пред да да се случи падот на леталото Касини. Леталото Касини доживеа пад на 15 септември 2017 година.
Касини помина 13 години во вселената проучувајќи го “Шестиот камен од Сонцето“, и за тоа време поминато во летајки низ вселената испрати над илјада фотографии.
Два дена пред падот, леталото го направи последниот мозаик од планетата Сатурн, кој се состои од 80 фотографии, сликани во рок од два часа.
Касини стигна до планетата Сатурн во 2004 година, и од тогаш до своето постоење со помош на своите 12 инструменти собираше податоци. Со леталото работеше и сондата Хејгенс, која слетала на Титан во 2005 година.
Додека снабдувањето со гориво на Касини беше речиси исцрпено во 2017 година, НАСА одлучи да направи “голем финал” во кое се прикажува како леталото ја заврши својата мисија.