Лана Дел Реј е обвинета од многумина дека е уште една во низата познати личности кои користат Ozempic за слабеење.
Тоа е опасен лек за дијабетичари, кој се користи и денес со цел побрзо слабеење. На социјалните мрежи се појавија снимки од нејзиниот настап, каде многумина забележаа дека Лана буквално се подели на половина.
Некои луѓе беа толку изненадени од нејзината трансформација што се посомневаа дека тоа е Лана.
„Што ти се случи?“, „Ова не е таа“, „Изгледа непрепознатливо“ – напишале во коментарите.
Лана сега пристигна на светската сцена како слаба жена, додека порано беше многу потешка.
Пејачката подлегна и на естетската хирургија, а многумина се убедени дека физичката промена настанала како резултат на лошо извршените корекции или употребата на лекови за дијабетес. Ја обвинуваат и за лош ботокс, за кој тврдат дека и го уништил лицето, па многумина се прашуваат зошто ја уништила нејзината природна убавина.
Сепак, таа ретко обрнуваше внимание на негативните коментари, па изгледа не и е баш гајле што велат луѓето за неа.



