Само што се врати од патувањето во вселената, најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, понуди да ги покрие трошоците на НАСА во износ од две милијарди долари, така што агенцијата може да склучи договор со него за изградба на возило за слетување на Месечината . Во април, НАСА понуди SpaceX, компанија управувана од ривалот на Безос, Илон Маск, договор што предвидува изградба на систем за слетување што ќе ги однесе астронаутите на површината на Месечината најрано во 2024 година, пренесува Гардијан.
Иако се очекуваше дека две компании можат да учествуваат во проектот,агенцијата, поради недостаток на средства, може да додели договор на само една. Откажување од плаќање НАСА доби само 850 милиони долари од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот за да изгради возило за да слета на Месечината.