Состојки:
– 2 конзервирана туна
– 1 лажица путер
– 2 лажици маслиново масло
– 2 чешниња лук
– 1 главица кромид
– прстофат мелен сладок пипер
– 1 лажичка сенф
– 1 лажица листови од свеж магдонос
– сок од половина лимон
– прстофат бибер
– 1/2 лажичка сол
Подготовка:
По желба додадете босилек, мајчина душица, власец, мајонез, крем сирење, каперси, кисели краставички, аншоа, јајца, пченка… Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека паштетата не добие еднолична конзистенција, пишува гастро/24сата.хр.
Сервирајте во сад, посипете со сув власец за декорација и послужете со тост леб, крекери или омилено солено пециво.
Уживајте!