Состојки:
- 6 зелени пиперки
- 300 гр урда
- 1 јајце
- 100 гр сирење
- 2 лажици павлака
- сол
- бибер
- зачини по желба
- сечкан магдонос
- масло
Подготовка:
Пиперките се мијат, се сушат, им се вадат дршките и се чистат од семки.
Во еден сад се мати јајцето со урда, им се додава изгмеченото сирење и павлаката и сечканиот магдонос. Се додаваат зачините и солта, но се внимава колку е солена урдата. Пиперките се полнат со смесата од урда. Се пржат на врело масло Кристал (се става повеќе масло). Можат да се сервираат топли, а можат и да се јадат ладни, како мезе. Пред сервирање се посипуваат со сечкан магдонос и сечкано луто пиперче.