Добро познатиот Еван Блаш објави фотографија на која го откри изгледот на новите Huawei P20/P20 lite, а сега засега се познати некој детали за моделот на P20 Lite.
Во каталогот на Vodafone на кој се напишани спецификациите на паметниот телефон Huawei P20 Lite, се знае дека ќе користи оперативен систем Android со верзија 8.0, екран од 5,84 инча, 4гб РАМ, 64гб меморија и батерија со јачина од 3.000mAh.
Истотака на позадината се најдуваат две камера од кои едната е 16 мегапиксели, другата е 2 мегапксели, на предната страна од телефонот се наоѓа камера од 16 мегапиксели.
Во позадината на телефонот истотака има и сензор за препознавање на отисок.
Телефонот ќе биде достапен во црна и плава боја по цена од 369 евра.
Huawei ќе го претстави новиот паметен телефон P20 на големиот закажан настан на 27 март.