Доколку сте љубители на традиционалните задоволства, тогаш тулумби се вистинскиот избор за вас
Во продолжение ви го пренесуваме наједноставниот начин да го подготвите овој сладок и сочен десерт.
Состојки:
- 250 гр остро брашно
- 250 гр мазно брашно
- 5 јајца
- 1 литар млеко
- 1 шолја масло
- малку сол
Шербет:
- 1,5 кг шеќер
- 500 мл вода
- 2 лимони
Подготовка:
Во сад сварете млеко со шеќер и малку сол. Кога ќе зоврие, промешајте го брашното. Вратете го на оган и мешајте додека тестото не почне да се одвојува од тавата.
Јајцата се матат посебно и се додаваат во оваа маса. Користете шприц за да направите тулумби долги 5-6 см.
Бонус совет: Пржете ги на добро загреано масло и и додека се топли ставете ги во изладениот шербет.
Украсете со парчиња лимон.