После неколку дена се објавени податоците за новите телефони на Huawei, еден од познатите твитерџии кои постојано објавуваат новости од областа за технологија Еван Блаш, објави две фотографии на кои се прикажуваат две визуелни разлики помеѓу три нови модели на Huawei.
Станува збор за моделите P20, P20 Lite, P20 Pro
Овие модели се очекува да излезат на 27 март, Huawei ќе ги претстави новите модели од P класата, и тоа двата врвни модели P20 и P20 Pro, и уште една верзија која е послаба во карактеристики P20 Lite.
Софтверот на овие три телефони за основа го користи EMUI 8.0, и на него ќе се најде верзијата Android 8.0 Oreo.
More colors. pic.twitter.com/i5LoHmDcpi
— Evan Blass (@evleaks) March 7, 2018