iSIM е новата замена за SIM картиците, iSIM е интегрирана директно во процесорот, затоа и одзема помалку место дури и од технологијата на eSIM која се користи на паметните телефони Пиксел 2 и Епл паметен часовник 3.
Концептот на iSIM не е многу различен од концептот на на eSIM, со тоа што iSIM има доста помал изглед и напредна функционалност притоа што самата картичка ќе биде интегрирана во процесорот на вашиот паменетен уред.
Со користење на iSIM картичките телефонот ќе заштеди РАМ меморија или заштеда на батеријата.
Покрај тоа, корисниците повеќе нема да треба да бидат оптоварени со употребата на традиционалните SIM картички, производителите ќе имаат помалку трошоци, бидејќи повеќе нема да треба да ги произведуваат, додека самите уреди можат да станат отпорни на влијанието на влагата и прашината.