Расел Бренд беше обвинет за силување и сексуална злоупотреба во периодот од 1999 до 2005 година.
Англискиот актер Расел Бренд е обвинет за силување, непристоен напад, орално силување и два сексуални напади, јавуваат британските медиуми.
Детективите започнаа истрага во септември 2023 година, откако добија голем број наводи, кои следеа по покривањето на Канал 4 и Сандеј Тајмс, според веб-страницата на лондонската полиција.
Тој е осомничен дека наводно силувал една жена во областа Борнемут во 1999, 2001, 2004 и 2005 година, непристојно нападнал друга во областа Вестминстер во Лондон, орално силувал и сексуално нападнал трета и сексуално нападнал четврта.
Расел Бренд ќе се појави во Вестминстерскиот суд во петок, 2 мај.
Детективскиот надзорник Енди Фурфи од лондонската полиција, кој ја води истрагата, рече дека жените кои ги дадоа извештаите сe уште биле поддржани од специјално обучени полицајци.
Пријавата се однесува на четири жени, соопшти полицијата.
Расел Бренд (50) е наградуван британски комичар, актер, радио водител, Јутјубер и инфлуенсер.
Познат е по улогите во филмовите „Заборавајќи ја Сара Маршал“, „Приказни за спиење“, „Бура“, „Смрт на Нил“. Тој им го позајми гласот на ликовите во анимираните детски филмови „Симпсонови“ и „Одвратниот јас“ 1 и 2.



