Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија го купи англискиот клуб Њукасл за 350.000.000 евра и со тоа стана најмоќната личност во светскиот фудбал.
Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, го назначи за наследник на тронот во јуни 2017 година, заменувајќи го својот 26-годишен братучед, по кралот стана најмоќната фигура во неговата земја.
Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата. Имено, тој во 2015 година искеширал 270 милиони евра за величествениот замок на францускиот крал Луј XIV.
Интересно е што оваа вртоглава бројка е блиску до парите кои ги даде за купување на Њукасл. Но, со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци за него се вистинска ситница. Замокот Луј XIV, кој е завршен во 2011 година, е изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри. Има винарски визби, базени внатре и надвор, и еден специјален со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум… Дали е малку?
Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, која ја плати повеќе од англискиот клуб.