Слушнете го новиот хит проследен со спот на Мартина Митревска.
Само за кафе муабети таа ни раскажа нешто за себе и нешто за настаните:
Појавив интерес за пеењето на моите 13 години, со мојот прв настап на училишниот патронат со pop cover. Мојот глас го школував во музичкото училиште Ентерпрајс на Валентино Скендеровски, професорка ми беше Андријана Јаневска, а последниве 3 години работам со проф.Александра Коцевска.Моите почетоци беа на ,,Сите наши песни”, а потоа следеше Кастинг талент шоу каде сите ме запамтија по изведбата на Кабаре во финалето и е еден од моите поомилени настапи. Оваа година по втор пат настапив на Макфест и многу ме радува што испејав ваква прекрасна песна што мистериозно, а сепак со доза на сетност си разкажува среќна љубовна приказна – ,,Мое мило”. Музиката и текстот ги напиша легендарниот Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Кристијан Габроски.Пред неколку дена, во етер излезе спотот (инаку мој прв спот), а на него работевме заедно со момците од Pyramid Production (Пирамид Продукција). Локацијата е с. Куклица, близу Кратово, кај “скаменетите свадбари” што се вистинско ремек-дело на природата.Презадоволна сум што се излезе и повеќе од тоа што очекував, а Pyramid Production се покажаа како кул и прекрасни луѓе и професионални соработници, исто како Самарџиев и Габроски, а и останатиот дел од тимот што стои позади овој проект. Сето ова е зачинето и поддржано целокупно со преубава енергија од нивна страна.Сеуште не сум почнала да спремам нешто ново, но можам да кажам со сигурност дека ќе имам нови песни и спотови со Pyramid Production. Во продолжение можете да го погледнете спотот, а и ви откривам мал дел behind the scenes како се одвиваше снимањето.