Сoстојки:
- 500 гр брашно
- 40 грама свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 5 лажици масло
- 300 мл млеко
- фил по желба (сирење, кашкавал…)
Подготовка: Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои. Откако ќе нарасне, тестото разделете го на мали топчиња. Секое топче се рассукува и се филува со фил по желба. Се преклопува и со помош на вилушка се затвора за да не истече филот.Панцеротите се пржат во врело масло, кратко, додека заруменат!