Еден брачен пар од Малезија во слободно време уживаат да го поминат своето време во пет шоп кој е во близина до нивната работа. Често и на нивните паузи одат таму. Највеќе се задржуваат кај хрчаците, затоа што тие животинчиња секогаш ги воодушевуваат.
Овој пат работите се смениле. Кога се доближиле до еден аквариум во кој биле сместени хрчаци, едниот од нив почнал да се однесува многу чудно,изгледало како да умрел.
Најпрвин тие помислиле дека стварно починал, но тој потоа станал и повторно го правел истото. Така што тие одлучиле да го снимат малиот глумец и да го прикажат на светот.