По скандалот со Cambrige Analytics поради искористување на милиони корисници од Фејсбук, Viber се покажа како најсигурна апликација за виртуелна комуникација.
Една од најпопуларните апликации за повици и текстуални пораки почна да испраќа известувања за безбедноста на своите корисници.
“Светот се соочува со доста проблеми на социјалните мрежи како искористување на лични податоци, па ве потсетуваме зошто Viber е најсигурната апликација за испраќање на пораки” – се вели во соопштението.
Во пораките се наоѓаат три причини кои ја оправдуваат безбедноста на Viber.
“Viber не може да чита или слуша ниеден разговор, благодарение на двојно криптирање. Можеш сам да ги избришеш сите пораки испратени од твојот телефон кон испраќачот во секое време. Можно е и да се испрати порака со ограничено временско траење и таа опција е достапна за тајните разговори” додава тимот на Viber.