Аргентинецот Пауло Дибала, фудбалер на Рома, неодамна беше опериран во Рим.
Тој се здоби со тешка повреда на тетивата и беше надвор од терените за оваа сезона.
Дибала тешко издржа, но сопругата го поддржува.
Манекенката Оријана Сабатини на својот Инстаграм профил објави дека не се разделува од сопругот дури ни во болнички кревет.
„Драг мој, воин, ајде, наскоро ќе се вратиш на теренот. Те сакам со сета моја душа“, пишува Сабатини.
Тие се венчаа минатата година.
„Те сакам со целото мое срце“, одговори Дибала.



