Џенифер Кулиџ доживува втора младост на 63 години Актерката искрено проговори за тоа како нејзиниот сексуален живот се променил на подобро по појавувањето во серијата „Белиот лотос“.
„Иако играм комплетен чудак, ми приоѓаат слатки момци“, изјави Кулиџ за Sunday Times.
Интересно, оваа улога ѝ донесе побурен сексуален живот од оној познат во филмот „Американска пита“.
Тогаш таа ја глумеше мајката на популарниот Стифлер.
„Ова е многу подобро од „Американска пита““, се пофали Џенифер.
„Имате идеја дека Бред Пит или кој било друг ќе ве оттргне од нозе“, додаде Кулиџ.
Сепак, актерката не сакаше да го открие моменталниот љубовен статус.