Секој пат кога ќе објавите селфи, Фејсбук ја добива вашата фотографија, и текстот кој сте го напишале на вашата селфи фотографија. Потоа ја препознава сликата со помош на технологијата на препознавање на лица и доколку има друга особа ја препознава која е таа.
Со објавувањето слика на Фејсбук, вие откривате каде сте биле кога сте се сликале, моделот на телефонот што го користите, кој е вашиот провајдер, која бежична мрежа (Wifi) ја користите, истотака ја открива и вашата моментална локација.
Фејсбук дури препознава и колку батерија ви преостанува на вашиот телефон.
Социјалната мрежа може да ги открие податоците од останатите лица кои се во ваша близина и оние личности кои се нашле на вашата селфи фотографија, без разлика дали вие сте ги означиле.