Анџелина Џоли го промовира својот нов филм и се чини дека сфатила една работа: најдобрите придружнички на црвениот тепих се нејзините најстари ќерки!

Анџелина Џоли (46) се појави на црвениот тепих во Рим каде го промовираше својот нов филм. Таа носеше сребрен долг фустан, без прерамки, исклучително тесен и долг, додека за прв пат ја надгради косата до половината. Сепак, најголемо внимание на црвениот тепих привлече нејзината придружба: ќерката Шајло (15).
Облеченa во црн мини фустан, патики со принт, со комплицирана фризура и шминка, Шајло е прекрасна девојка.
Но, друштво им правеше Захара (16), најстарата ќерка на Анџелина Џоли, која уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода појавувајќи се во долг бел фустан.
Анџелина изгледа сфатила едно: за да блесне на црвениот тепих не и треба подобра придружничка од ќерките! Среќна и задоволна, и покрај комплицираната парница за развод, Анџелина ги носи децата со себе насекаде.