Состојки:
300 гр брикети од спанаќ
450 гр компири
маслиново масло
1 чешне лук
80 гр презла
40 гр пармезан сирење
200 мл вода
сол, бибер
1 јајце
150 гр моцарела
Подготовка:
Ќофтињата им се омилени на многумина, а и месните, но сега пробајте ги овие со компири и спанаќ и уживајте во вкусот.
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. На маслиново масло пропржете ги брикетите од спанаќ, едно чешне лук (не исечкајте), додадете 200 мл вода, поклопете и динстајте 10 минути. Зачинете по вкус и извадете го лукот.
Добро исцедете го спанаќот и исечкајте го. Сварените компири изгмечете ги и измешајте ги со спанаќот. Додадете пармезан, јајце, сол и бибер.
Се добро измешајте и направете топчиња. Намачкајте ги рацете со масло за полесно обликување.
Моцарелата исечкајте ја на ситни коцки, па секоја коцка ставете ја на средината на ќофтињата. Се тркалаат во презла и се редат во плех обложен со хартија за печење.
Врз секое ќофтиња ставете ја преостанатата моцарела.
Се пече на 180 степени 25 минути.