Пред некој ден таа се појави на отворањето на културниот центар во Сандерленд, каде што се дружеше со жителите и доби тетоважа на раце, а веќе еден ден потоа влезе во нови авантури.
Кејт Мидлтон моментално е во седмиот месец од бременоста, но тоа не го спречува честото појавување на разни случувања со нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Се чини дека што е термин за породување блиску се повеќе е таа активна.Кејт се повеќе ги исполнува своите кралски должности по Лондон и други места и на тој начин ги поддржуваат разните доброволни организации и здруженија, училишта и разни проекти.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го посетија местото каде што се градеше мостот Норден Спајр, кој треба да биде пуштен во употреба напролет. Сепак, за да се целосно заштитени на градилиштето, Кејт и Вилијам облекоја неонски жолти елеци, ставени заштитни капи и наочари и така шетаа по новоизградениот мост.