Брачните партнери објавија дека ќе донираат половина милион долари за марш против оружје што ќе се одржи на 24 март во Вашингтон.

Учесниците на “Марш за нашите животи,марш против оружје” ќе бараат поголема контрола на оружјето по последниот напад во Парленд, Флорида, кога поранешен ученик ги уби 17 луѓе.
Школските ученици, оние кои преживеаја, го организираат овој марш.
Амал и јас сме инспирирани од храброста на овие млади мажи и девојчиња од ова училиште, рече Клуни.
– Нашето семејство ќе присуствува на 24-ти март, заедно со оваа неверојатна генерација млади луѓе од целата земја, и ќе им дадеме на храбрите деца 500.000 долари за да си помогнат во финансирањето на овој настан. Од ова зависи од животот на нашите деца, вели Клуни во својата изјава.
После изјавата на Џорџ наеднаш им се приклучи во поддршката на “Марш против оружје” и Опра Винфри и режисерот Стивен Спилберг.




