Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ одеднаш се разделуваат по девет години брак.
Според информациите на овој медиум, нивната љубовна и брачна врска наводно завршила пред околу два месеци.
Додека Бастијан моментално многу патува поради работа и главно живее во Минхен, Ана, како што пишуваат Германците, живее во својот роден град Белград со нивните три сина – Лука (7), Леон (4) и Тео (1).
Името на најмладиот беше откриено на овој начин, бидејќи родителите долго време го криеја од јавноста.
Оваа вест сe уште не е потврдена ниту од Бастијан (40) ниту од Ана (37), а ја објави и влијателниот германски „Билд“.
Доколку веста се покаже како вистина, тоа ќе биде колапс каков што никој не го предвиде, бидејќи Ана и Швајни важеа за еден од најхармоничните парови во светот на шоубизнисот.
Ана долго време се сметаше за една од најубавите тенисерки во светот.
Швајнштајгер е фудбалска легенда за Баерн Минхен и германската репрезентација.



