Се шпекулира дека продажбата на AirPower ќе почне овој месец, односно крајот на март.
AirPower ќе има максимална моќ од 29 W, додека безжичните полначи за iPhone 8 и X имаат максимална снага од 7,5 W. Како поточно ќе функционира ова полнење сеуште не е познато, однсно дали јачината на полнењето ќе биде поделена на три уреда.
Епл нема објавено никакви податоци за AirPower освен дека минатата година беше објавена информација за овој тип на безжично полнење.
Загрижувачки е и цената што според шпекулациите изнесува 200 долари. Освен тоа, корисниците треба да купат куќиште кое чини 69 долари, што дополнително ќе ја зголеми цената на Епл системот за безжично полнење.
Исто така, се предвидува дека безжичното полнење го намалува времето на батерии, различно од кабелот за полнење.