Пред неколку дена ,во Холивуд многумина останаа во шок откако излегоа фотографии на интернет од познатата манекенка и фитнес инструкторка Лони Вилисон, како бара низ кантите и спие на сред улица во Лос Анџелес. Лони е бивша сопруга на Џереми Џексон.
Меѓутоа таа денес е толку непрепознатлива што и нејзиниот бивши сопруг нема да ја препознае.
Само што излегоа фотографиите во јавност,многу од нејзините бивши пријателки покренаа акција да и се помогни и да ја тргнат од улиците,но се е неуспешно. Лони се истуширала во хотелската соба,ручала,ги собрала своите работи,и се вратила повторно на улица.
Во разговор со Дејли Мејл признала дека ова и било прво туширање после една година.
Намерно не се капев,улиците се опасни,не сакам некој да ме силува – Изјавила Лони чии проблеми почнале пред две години.
Од Џексон се разведила во 2014 година,после тоа се преселила во еден стан во западен Холивуд. Две години пристојно живеела,но потоа ја изгубила својата работа,а изгледа и нејзиниот разум.
Се уверила себеси дека некој ја мачи во нејзиниот сопствен стан,ја малтетираат со електрошокови. Ја изгубила и својата работа и следната која ја нашла,не ја плаќале.Сето почна со лошо откако ја изгубив својата работа. Веќе две години живеам на улица.
Брзо се навикнав на улиците,Лос Анџелес е богато место,луѓето во ѓубре фрлаат многу работи,така да не е тешко да се пронајди храна. И просењето добро ми оди, некои ми даваат 20 долари,некои 40…. многу е лесно тука да се преживее…
Ме ограбуваа ,луѓето гледаат што има да се земи кај мене. Малку ми е страв од силовање,па така пробувам да бидам што посмрдлива и нечиста. Што повеќе си нечист толку подобро!
Тактиката ми успеа,не ме ограбуваат толку често,и својата коса ја скратив. Доста ми е од животот на улица.
Сакам нов живот! Бев на одвикнување повеќе пати,но не успеав. Морам повеќе да се потрудам да се донесам во ред, но потребна ми е помош.
Погледнете ги фотографиите како изгледала,и како изгледа сега.











