Битолската група „Уникат Бенд“ со 2 песни во 1 проект.
Имено тие направија кавер верзии на две песни од Саша Ковачевиќ, „Моја малена“ и „Пантера“, со целосно нови аранжмани, кои сами ги креираа и отсвирија во живо. За овие песни, работеа со Гимел студио и Дримкаст продукција од Битола, а од видеото во продолжение слушнете и погледнете ги „Уникат бенд“.
Препорачуваме видеото да го гледате до последна секунда, бидејќи има интересен крај.
Фронтменот на “Уникат” Тодоровски, се заблагодари до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира.
И покрај тешките периоди кои ги поминуваат музичарите, јасно гледаме дека Уникат Бенд не губи надеж и сериозно работи.
Во иднина очекуваме да не почестат со уште вакви проекти, па и можеби нивна нова авторска песна.



