Состојки:
1 пакување кора за пита
800 гр шампињони
малку масло
малку вода
сол
бибер
Подготовка:
Печурките излупете ги и исечкајте ги на кришки, па пржете ги на масло додека не ја сменат бојата и испари целата нивна течност. Зачинете и оставете на страна.
Во чаша измешајте вода и масло во сооднос 50:50, а потоа испрскајте една кора за пита. Потоа врз неа ставете уште една кора и повторете ја постапката, а потоа ставете трета кора и врз неа наредете ги пржените печурки.
Расукајте ги корите во форма на ролат и ставете ги на плех. Направете се со преостанатите кори, додека не го потрошите материјалот.
Печурките се полни со вода и се собираат кога се пржат, па ако сакате да го доживеете нивниот целосен вкус, тогаш слободно зголемете ја нивната количина за питата.
Откако ќе ги наредите сите пити „стапчиња“, премачкајте ги со мешавина од вода и масло и печете околу половина час на 180 степени, додека не поруменат.
Кога ќе бидат готови, изладете ги пред да ги послужите.



