Кристина Еплгејт со години се бори за живот.
Актерката се бори со мултиплекс склероза.
Таа има 53 години и како одминува времето и е се потешко и потешко.
Таа ги опиша непријатностите со кои се соочила во новата епизода од подкастот што го напишала.
„Ова е навистина важно бидејќи за три години откако ми беше дијагностицирана болеста, бев во болница повеќе од 30 пати само поради повраќање, дијареа и болка што е незамислива“, рече Еплгејт.
На неа лекарите го извршиле секој тест што му е познат на човекот. Но лекарите не утврдиле дека МС е поврзана со овие симптоми, сепак актерката верува дека тоа е несакан ефект на некои од лековите што ги зема.
Актерката е свесна дека не може да се откаже.
“Ние не сме во медицинските книги. Ние сме луѓе”, истакнува актерката.
Таа беше принудена да ја заврши кариерата поради споменатата болест.



