Вилијам Леви важи за еден од најпопуларните,најсаканите латиноамерикански глумци.
Меѓутоа со години не сме гледале некоја серија,бидејќи ги избегнува улогите во сериите и сака да се посвети на Холивуд. Поради таквата слава пропадна.
Инаку блиски извор на глумецот од мексичките медиуми откри дека Вилијам е во голема финансиска криза. Тој веќе со години не добил главна улога,бидејќи испод чест му е да глуми во сапуници,а не можи да се пробие во Холивуд.
“Беше арогантен и мислеше дека целиот свет е негов. Сега мора да ја проголта горделивоста и да види како се заработува за живот. Поминува низ тежок период и веројатно ќе мора да се врати на сериите,истакна изворот и додаде, работата е тоа што се расфрлаше со пари додека беше на врвот од кариерата. После тоа што се прослави во Мексико,дојде во Мајами си даде луксуз и одбива улоги.
Не сакаше да глуми во серии. Сакаше холовудски филмови. Се срами дека глумел во сериите,мисли дека се ѓубре во неговата кариера. Пред неколку години сакаше да се пробие во Холивуд,ама свати дека лепотани како него има премногу. Играше на проекти кои поминаа незабележително.
Пред две години му е запленета куќата во која живееше од 15милиони пезоси,сега засега автомобилите му се најголемо богатство. Сеуште ги нема изгубено. Мислам дека нема да поднеси. Неговите четири автомобили вредат 40милиони пезоси” – изјави изворот за крај.