Вселенската станицата “Tiangong-1” со тежина од 8,5 тони се очекува да падне на нашата планета Земја, тоа би требал ода се случи помеѓу датумите 24 март и 19 април.
Владата во Пекинг минатата година соопшти дека комуникацијата и контролата над таа станица е изгубена и дека она ќе се сруши на планетата Земја. “Tiangong” веке неколку недели почнала да навлегува во атмосферата, што значи дека нејзиното паѓање станува се побрзо.
Се смета дека најголемиот дел од станицата ќе изгори во атмосферата, но спрема изјавите на астрофизичарот Џонатан Мекдауела, неговите делови кои се тешки и до 100 килограми сепак ќе паднат на Земјата.
Како место каде би можеле да паднат останатите делови од вселенската станица се шпекулира дека тоа би биле следниве држави Франција, Шпанија или Португалија.