Дејв Наваро на 57 години згазна на луд камен.
Гитаристот на групата Jane’s Addiction се ожени со актерката и модна дизајнерка Ванеса Дибасо (31).
Свадбената церемонија се одржа во замок во Шкотска.
Младенците им кажале на People дека се маѓепсани од ова место.
„Сакавме нашата венчавка да се чувствува како сон. Ни беше важно да најдеме место кое ќе ја прегрне природата и ќе не пренесе во друг свет“, велат Дејв и Ванеса.
Очекувано, Ванеса е среќна.
Нејзиниот сопруг и ги исполнил сите желби.
„Навистина сакав се да изгледа како бајка, да бидеме дел од рајот“, додала штотуку венчаната госпоѓа Наваро.



