Неизвесно пред популарниот американски празник Ноќ на Вештерките, еден забавен парк во Сант Луис припремил предизвик за оние со јако срце. Кој ќе издржи 30 часа во ковчег, ќе добие одредена сума на пари и гратис влезници во паркот.
Најмногу може да учествуваат шест учесници, и сумата која би ја добил победникот би изнесувала 300 долари.
Нивната задача е да поминат 30 часа во ковчег, доколку успеат повеќе да победат тогаш победник ќе биде тој што прв излегол од ковчегот.
Сепак во правилата стои дека учесниците имаат право да излезат на 6минути пауза и тоа доколку мораат да отидат во тоалет.
Иако сеуште не се знае дали ковчезите ќе бидат затворени или отворени, сепак се знае дека може само еден да биде победник. Истотака учесниците може да имаат поддршка од нивното семејство или блиски пријатели, и тоа само преку денот имаат право, во ноќта учесниците мора да останат сами.



