Двегодишното дете од Шангај наводно го заклучило паметниот телефон iPhone на 48 години
Мајката наведува дека нејзиниот син го користел телефонот поради гледање на “едукативни видеа”.
Сепак додека мајката била излезена детето упорно пробувало да го отклучи телефонот, но по многу погрешни обиди телефонот бил заклучен на 48 години.
Еден кинески експерт рекол дека видел и телефони кои биле заклучени и на 80 години.
Истотото може да ви се случи на вас доколку поседувате iPhone и ја погрешите многу пати вашата лозинка.
Безбедносниот систем на Епл го заклучува уредот на некое време, доколку биде погрешена лозинката, истотака времето се продолжува на секој нов обид за да се отклучи телефонот.
Сепак ова не е големиот кошмар, затоа што постои опција да се направи фабричко ресетирање.
Доколку постои резервна копија од вашиот iPhone (повеке можете да дознаете на Епл страницата), штетата е минимална за тие што чуваат резервни копии.



