Дејвид Бекам признава дека неговото опсесивно-компулсивно нарушување (OCD) понекогаш им ги нарушува нервите на членовите на семејството.
„Многу сум организиран до тој степен што секој ден е доста заморен“, рече Дејвид (49) на панел-дискусија во Мајами, одржана по повод лансирањето на неговиот нов бренд.
Бекам е свесен кого тоа најмногу го мачи.
„Понекогаш ја нервира жена ми. Понекогаш ги нервира и моите деца“, додаде Бекс со насмевка.
Сепак, таткото на четири деца, кои ги дели со сопругата Викторија Бекам, рече дека често им кажува на членовите на семејството дека „без татко, ништо не би било во ред“.
„И ништо немаше да биде организирано, дефинитивно ќе заборавиме работи“, се пошегува Дејвид.
Ко-сопственикот на фудбалскиот клуб Интер Мајами, исто така, зборуваше за своите проблеми со менталното здравје во документарецот на Нетфликс „Бекам“, кој беше објавен во 2023 година.
„Имам опсесивно-компулсивно нарушување каде што морам сè да биде во права линија или сe мора да биде рамномерно“, објасни тој во една епизода од серијата од четири дела.
„Ќе ставам лименки Пепси во фрижидер, а ако има премногу, ќе ставам неколку во друг шкаф некаде… Сe мора да биде совршено“, рече тој претходно.



