Состојки:
1 белка од јајце
половина лажичка сок од лимон
половина лажичка кокосово масло
Подготовка:
Земете едно јајце и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја белката во помал сад и мешајте до формирање на густа пена. Потоа додадете го сокот од лимон и кокосовото масло, и повторно мешајте.
Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да стои 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, исплакнете со топла вода или чај од камилица.



